Цветници, Кичево (02.04.2007)
Настанот на влегувањето на Господ Исус Христос во градот Ерусалим, во кој требаше да пострада, и да се принесе Себеси за откуп на гревовите, во Дебарско-кичевската епархија беше одбележан со свечена Архиерејска Литургија во манастирот на Пресвета Богородица - Пречиста, во Кичево.
На Светата Литургија чиноначалствуваше Владиката г. Тимотеј, а во сослужение со архимандрит Нектариј - игумен на манастирот на св. Наум Охридски, протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски - кичевски архиерејски намесник, и свештениците Војне Ристески и Игор Никовски, како и ѓаконот Димче Азески.
На Светата Литургија присуствуваа голем број на верници од Кичево и кичевско, кои традицинално секоја година на овој празник доаѓаат во манастирот, а во исто време и најголемиот дел од нив пристапија и кон Светата Причест.
Владиката г. Тимотеј кон верниците се обрати со празнично слово, а потоа поголемиот дел од верниците и пристапија за Света Причест од Светиот Путир.
По завршувањето на Светата Литургија за сите верници беше приредена трпеза, а потоа Владиката заедно со архитектот г-ѓа Тања Паскали Бунташеска и изведувачот на градешните работи г. Перо Митаноски, изврши обиколка на новиот манастирски конак во изградба.
известува: свештеник Игор Никовски