Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Краун Поинт, Индијана (03.04.2007)

 

„Празникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува со символи. Тоа ни зборува за исклучителната важност што тој ја има во евангелската историја. Настан-предвесник на една надисториска драма. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Тагата заради страдањето и Крстот, а радоста заради Воскресението и победата над смртта. Искрената вера во чистите срца на повторно родените во Христа и суеверието на остарената од грев човечка природа која мигновено е восхитена од знаците и чудата на Спасителот.

Во времето кога се раззеленува целата природа, во пролет, немиот глас на растенијата ја пеат победоносната химна на Христовото Воскресение. Ние, пак, словесните празникољубци ја прифаќаме празничната песна на сето создание, песната на небесните сфери и на ангелските сили, и земајќи зелени гранчиња во своите раце повторно и повторно го прославуваме Царот на Израилот, Царот над царевите, Царот на новиот Израил - Црквата Божја, со истите зборови со коишто Го поздравуваа и луѓето во Ерусалим, тогаш, со зборовите: Осана на висините, благословен е Оној што иде во името Господово, Царот Израилев!!!“

 

 

           

 

 

 

          

 

 

 

 

 

 

известува: ѓакон Стеван Барјактаров