Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим (04.04.2007)

„Осана на Синот Давидов, благословен е Оној Кој иде во името на Господа“ - му извикуваа децата еврејски на Христа научени од Светиот Дух, постилајќи ги пред Него своите облеки а и палмови и маслинови гранчиња, најавувајќи ја Христовата победа над смртта.


Оваа атмосфера денес можеше да се почувствува и во храмот на светите Кирил и Методиј во Гевгелија, каде што Митрополитот Агатангел отслужи Божествена Литургија, во присуство на повеќемина мали деца од прво до четврто одделение кои овие денови започнаа да учат да ја пеат Светата Литургија со византиски напев под раководство на дипломираниот теолог Викторија Новаковска. Во проповедта што ја одржа г. Агатангел освен што се задржи да зборува за празникот, тој напомена дека од голема важност за православната младина е дека овие денови се донесе закон за воведување на веронаука во училиштата, каде децата ќе можат да се запознаат и да научат повеќе за Православната вера; да Го запознаат Христа; да ги запознаат Светителите; а со тоа од нашата младина ќе започнат да излегуваат здрави личности од кои државата и Црквата во иднина ќе имаат многу корист, а не во спротивно да ги гледаме по медиумите како живеат и прават неморални дела, од кои биваме посрамувани сите ние а особено нивните родители.
 Митрополитот Агатангел ги замоли сите верници овие денови да се молат за господинот Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, кои се наши православни браќа и кои ја бранеа нашата земја во најтешките времиња од нашата понова историја. Да се молиме за нивно праведно судење кое започнува овие денови во Хаг, Бог да ги просветли умовите на судиите за овие наши браќа да добијат праведна пресуда.
За време на делењето нафора, г. Агатангел на народот им подели брошури со тема „За значењето на свештеничкиот благослов; и за значењето на водосветот“.

 

Преземено од: Преминпортал