Цветници во Дебар (04.04.2007)
Според традицијата, во неделата на Палмовите гранчиња, се отлужи Златоустова Литургија во соборниот храм на Успението на Пресвета Богородица во Дебар. Со Литургијата свештеноначалствуваше архимандритот Партениј, игумен на манастирот Бигорски, во сослужение на јеромонахот Доситеј и архиерејскиот намесник о.Благој Спироски. На Литургијата присуствуваа гостите на манастирот во Рајчица, како и мал број Дебрани.
Истата вечер, со почеток во 22.00 часот, во Бигорскиот манастир се отслужи Утрена богослужба, која на почетокот на Страсната седмица го содржи т.н. Последование Жениха, кога за време на Егзапостиларот (светилниот) се изнесува иконата на Христа Младоженецот за целивање.
известува: свештеномонах Доситеј
од манастирот Бигорски