Велики петок (06.04.2007)
На Велики Петок утрото во православните храмови се богослужат царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на светата Плаштаница.
Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид, во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиоски, Сашо Богдановски, Игор Никовски и ѓаконот Димче Азески.
Пред крајот од Вечрната богослужба Владиката заедно со свештенослужителите од олтарот ја изнесоа светата Плаштаница, која што после три пати обиколување во средината на храмот, ја положија на посебно приготвено место, кое што го символизира гробот Христов.
Владиката, свештенослужителите и верниците се поклонија и ја целиваа светата Плаштаница.
Вечерта, со почеток во 19.00 часот Вкладиката г. Тимотеј ќе богослужи во црквата на Пресвета Богородица - Перивлепта во Охрид на оплакувањето и погребението Христово.
известува: свештеник Игор Никовски