Vesti i nastani
 
 
 
 
 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! (09.04.2007)

Многу лошото време, снежните виулици и температура од минус 7 степени, не ги спречи неколкуте стотини Македонци од Виндзор и околината да присуствуваат на ноќната Велигденска богослужба што ја отслужи протоереј-ставрофор д-р Александар Мустеников во црквата на Свети Никола. На свечената Велигденска Литургија присуствуваа повеќе од 200

православни Македонци, пред сѐ млади брачни парови и деца, што ветува дека на овие простори ќе продолжи да се негува македонскиот православен дух и традиција. Иако времето беше тажно, на овој Велик ден воскресната радост и големата надеж ги исполнија душите и срцата на присутните, кои со големи даренија ги помогнаа реновирањето на црковната сала и живописањето на црквата.

 

 

          

 

 

 

известува: Глигор Стефанов