Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Загреб (09.04.2007)

Верниците од Македонската православна црковна општина „Света Злата Мегленска“ од Загреб, со радост и побожно го дочекаа Воскресението Христово, причестувајќи се со Светите Христови Тајни.

 

 

         

 

 

       

 

 

        

 

 

„Возљубени мои браќа! Пристигна Пасхата, радосниот ден на Воскресението Христово, причина на секое радување, која нѐ посетува еднаш годишно, а оние што го поимаат таинството на Воскресението – секој ден, дури и непрестајно. Дојде и ни ги исполни срцата со секое веселие и неискажлива утеха. Не затоа што го прекина трудот на сечесниот пост, туку пред сè бидејќи ја направи нашата душа посовршена со тој труд и ги повика сите верни кон почивка и благодарење...

Христос нашиот Бог откако беше распнат на крстот и на него го прикова гревот на целиот свет, умре, слезе во длабочините на адот; потоа, издигајќи се од адот, повторно влезе во Своето пренепорочно тело и миговно воскресна од мртвите... На истиот тој начин и сега кога ние, оставајќи го овој свет и неговите суети при исповедањето на страдањата Господови, влегуваме во гробот на покајанието и смирението, Самиот Тој слегува од небесата, влегува во нашето тело како во гроб, се соединува со нашите души и ги воскреснува нив – душите, мртви по суштина заради гревовите. И, воскреснувајќи ги, дарува благодат да се гледа славата на ова таинствено воскресение.“ (свети Симеон Нов Богослов)