Втор ден Воскресение во Штип (09.04.2007)
Во соборниот храм на свети Никола во Штип на 08. 04. 2007 година, беше отслужена и празнична Вечерна со читање на Евангелието на разни јазици. Чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
По празничната Вечерна Митрополитот Иларион ја посети градската болница во Штип, каде што на болните и на персоналот им подели велигденски јајца и пригодни подароци. Потоа го посети и затворот, и таму, исто така подели велигденски јајца и подароци и имаше средба со управникот.
известува: ѓакон Саше Ристов