Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Манастир на Свети Јован Крстител - Бигорски (10.04.2007)

И оваа година Страсната седмица во манастирот Бигорски беше одбележана со низа богослужби, со кои свештеноначалствуваше архимандритот Партениј во сослужение со свештеномонасите од неговото братство. После Последование Жениха, на Велики четврток беше отслужена Василиева Литургија и извршен Маслосвет. Вечерта, на Утрената богослужба, беше извршен опход со Крстот. Службите на Велики петок започнаа утрото со Царски часови, потоа следеа Симнувањето од Крстот, и Положувањето во гробот. Петокот вечерта, на Утрената се пееја Статиите од Оплакувањето и беше извршена Литија со Плаштаницата.

На Велика сабота после Вечерната и Василиевата Литургија, која се служеше надвор, во Гробот, истовремено беше прославено и Благовештението.

На Воскресната Литургија притекна многуброен верен народ од целата Република.

После Литургијата беше послужена трпеза на љубовта.

За време на празничните богослужби искушеникот Коста беше облечен во расо.

 

„Совршената љубов е љубов распната!“

 

Христос воскресна!