Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Светла седмица (11.04.2007)

Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово - Вториот ден отслужи Света Воскресенска Литургија во храмот на светиот великомаченик Георгиј во Кочани, а на третиот ден служеше во храмот на свети Никола во Свети Николе, каде што богословот Кирче Трајанов од Свети Николе го произведе во чтец. По Литургијата во Свети Николе, Владиката ја посети црквата во изградба, посветена на Успението на Пресвета Богородица во Сарамзалино.