Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Известување (13.04.2007)

На Томина недела, 15 април 2007 година, во сите храмови на Македонската православна црква, по светата Литургија ќе се отслужи Молебен за молитвена духовна поткрепа на чедата Божји - Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, како и за нивно праведно судење на Судот во Хаг.

Со Молебенот во Архиепископскиот соборен храм на Свети Климент Охридски во Скопје (со почеток околу 10 часот) ќе началствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на повеќе архиереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква.

Се повикуваат сите благочестиви христијани и на овој начин, сите заедно да дадеме молитвена поддршка на нашите бранители обвинети пред Хашкиот суд.

Христос Воскресе!