Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Австралија (14.04.2007)

Воскресението Христово беше свечено прославено во сите храмови на Македонската Православна Црква во Мелбурн, Австралија. Оваа година големата присутност на верните на овој празник ги надминува сите години до сега. Радоста беше воочливо присутна меѓу нашиот народ, а посебно кај пастирите.

 

Бидејќи соборната црква на Австралиско-новозеландската епархија посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица е сѐ уште во изградба, Велигденската служба се одржа во привремената црквичка која беше претесна да ги собере сите верни што дојдоа да го прослават Христовото Воскресение. Трикратниот опход пак се изврши околу големата црква чија што изградба е при крај.

 

Во црквата на св. Илија во Foozcras – Мелбурн во масовен број како и секоја година до сега нашиот верен народ дојде да го прослави светлото Христово Воскресение.

 

          

 

 

 

 

Во црквата на св. Никола – Престон во најголем број до сега притекна верниот народ да прими светлина од Невечерната светлина на Воскреснатиот Христос наш Бог.

 

     

 

 

     

 

  

 

           
црквата на св. Петка во Мил Парк

 

 

 

          

Св. Димитриј – Springvale

 

 

Христос воскресе !

Навистина вскресе !

 

Christ is Risen!

He is Risen Indeed!