Скопје (15.04.2007)
Големиот христијански празник посветен на Пресвета Богородица и Нејзиниот чудотворен извор беше прославен во црквата на Свети Јован Крстител во скопската населба Капиштец, каде со Златоустовата Литургија чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополит г. Горазд и бројно свештенство. Во беседата со која Архиепископот г. Стефан се обрати на насобраниот верен народ, покрај значењето на денешниот празник и почитта кон Мајката Божја, помеѓу останатото, Поглаварот на МПЦ се осврна и на значењето на верата за македонскиот народ, и дека верата во Бога ги надминува личните и партиските интереси.
Преземено од Преминпортал