Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Македонски парламентарци кај митрополитот на СПЦ г. Николај (16.04.2007)

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дабробосански г. Николај пред неколку дена во Сараево ја прими делегацијата на Парламентот на Република Македонија, предводена од неговиот претседател, г. Љубиша Георгиевски.

По срдечното добредојде, митрополитот Николај на претставниците на македонското Собрание накратко им го изложи историјатот на Дабробосанката митрополија и потешкотиите во кои таа сега се наоѓа, изразувајќи, сепак, оптимизам и надеж за подобрување на околностите во кои денес се наоѓаат православните во Босна и Херцеговина.

Во текот на разговорите беше спомнат и проблемот меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква. Соговорниците се сложија дека е во интерес на братските народи, Србите и Македонците, како и на граѓаните на државите во кои тие живеат, дијалогот да продолжи за да се решаваат меѓусебно отворените прашања, а во полза на единството на севкупната Црква Христова.

Господинот Георгиевски нагласи дека Република Македонија е секуларна држава и не се меша во црковни прашања, но сака да учествува во наоѓањето пат кон надминувањето на вакви и слични проблеми.

 

извор: официјалниот сајт на СПЦ