Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на премиерот Никола Груевски на Лешочкиот манастир и на соборниот храм во Тетово (19.04.2007)

На македонскиот премиер срдечно и топло добредојде му приреди митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, како домаќин на нашата епархија. Од страна на митрополитот г. Кирил, премиерот беше запознаен со активностите во манастирот и со активностите кои треба да следат во старата болница, која беше сместена во самиот манастир.

Исто така, премиерот беше пречекан и во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово. Покрај митрополитот и свештениците, него го пречекаа голем број дечиња, кои му искажаа благодарност што ќе го донесе законот за веронаука, бидејќи ја сакаат нашата Црква и вера. Премиерот заедно со присутните, го посети храмот и неговата галерија, а во знак на благодарност Неговото високопреосвештенство, митрополитот г. Кирил му подари Свето Писмо (Библија) на македонски јазик, со лична посвета.

 

 

             

 

известува: свештени Синиша Ристовски