Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Малку да се насмееме (20.04.2007)

„Информативната служба на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, во очекување Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Загрепско-љубљански г. Јован да ја потврди вистинитоста на изјавите коишто ги пренесува белградскиот печат врз основ на агенцијата „Бета“, а повикувајќи се на интервјуто за скопската телевизија „Сител“, изјавува и го повторува веќе познатиот канонски став дека Охридската Архиепископија е единствена канонска и легитимна Црква на територијата на Република Македонија и дека Српската Православна Црква никому не упатила никакво побарување за создавање на каква било нова епархија, покрај веќе постоечките.

Секоја друга изјава, ако нејзиното постоење и интерпретација се вистинити, може да биде разбрана исклучиво како индивидуален став. Црквата својот идентитет го заснова на Царството Божјо, црпејќи ја од него и структурата на видливото устројство, што значи дека Црквата е жив организам на живиот Богочовек, Тело Христово, во којшто е назамислив живот на едни без други, а не е збир на здружени или спротивставени индивидуи ниту конфедерација на племенски (национални) организации, и дека таа токму по тоа се разликува од минливите световни институции и организации.“

извор: официјалниот сајт на Српската Православна Црква

 


Коментар од редакцијата на официјалниот сајт на Македонската Православна Црква (
www.mpc.org.mk)

 

Ако гледаме дека е грешка тоа што го изјави Митрополитот Загрепско-љубљански Јован, тогаш зошто да не претпоставиме дека може да биде грешка и тоа што го тврди Епископот Бачки Иринеј дека единствена канонска Црква во Македонија е „ПОА“ – група која брои едвај 100 души, информација што се пренесува преку официјалниот сајт на СПЦ? Ако е можно за едно црковно-национално прашање да згреши еден неисфрустритан човек по однос на својот национален идентитет, како што е Митрополитот Јован, тогаш зошто да не претпоставиме дека уште повеќе може да згреши и еден исфрустриран човек по однос на својот национален идентитет, како што е Епископот Иринеј? Што да очекуваме од човек кој по потекло е Влав од Горна Белица (струшко, Македонија), и кој упорно се труди да им докаже на сите во Србија дека е голем Србин во борбата за патријаршискиот престол? Кога, пак, е во прашање грчката финансиска помош истиот изјавува дека се родил Србин, а ќе умре Грк. На оваа изјава се смеат сите нормални Грци, Срби и Власи.


А од каде знаеме дека официјалниот сајт на СПЦ пренесува ставови на Епископот Иринеј? Затоа што ги знаеме ставовите на другите Епископи коишто се навистина Срби, како и од неговиот начин на пишување. Секогаш кога е во прашање Македонија, тој се служи со полувистини и лаги. Кога вели дека „Црквата својот идентитет го заснова на Царството Божјо, црпејќи ја од него и структурата на видливото устројство...“, тоа е точно. Но, бидејќи тој го проповеда и го признава Царството Божјо само како Небесна Србија, затоа ја признава и ја промовира само религиозната структура којашто со негова помош се воспостави како српски егзархат - т.н. „ПОА“, и затоа Република Македонија ја нарекува БЈРМ. Жал ни е за позицијата на уредниците на сајтот на СПЦ што мора да пренесуваат вакви сатански ставови како што се тие на Епископот Иринеј, кои го нарушуваат единството на Црквата. Затоа, секој нека пази каде и кај кого се вработува!