Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Висока црковна делегација од Република Македонија во посета на Московската Патријаршија (20.04.2007)

 

 

 

На 20 април 2007 година во Москва, делегација на Македонската православна црква составена од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел се сретнаа со Митрополитот Смоленски и Калининградски г. Кирил, кој е Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, во придружба на протојереј Николај Балашов, секретарот за меѓуцрковни односи. Средбата е остварена врз основа на барањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Московски и на цела Русија г. Алексиј II.

 

За време на разговорот, кој помина во духот на братска љубов и евангелско разбирање, беше истакната потребата од продолжување на дијалогот како начин за разрешување на проблемот со статусот и прифаќањето на Македонската Православна Црква од страна на другите помесни православни Цркви. Руската Православна Црква, заедно со другите православни Цркви, е подготвена, во рамките на нејзините можности, да придонесе во таквиот дијалог.

 

Исто така, беше разговарано и за можностите за понатамошно развивање на братските односи меѓу народите на Република Македонија и на Русија.