Панихида (05.05.2007)
На 4 мај 2006 г., во црквата на Свети Спас во Скопје беше одбележана 104-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на повеќе свештенослужители од Скопската православна епархија, чиноначалствуваше со панихидата пред гробот на Гоце Делчев.
На гробот на Гоце Делчев цвеќе положија делегациите на Собранието, предводена од претседателот Љубиша Георгиевски, и на Владата, предводена од премиерот Никола Груевски, претставници на Кабинетот на претседателот на државата, претставници на АРМ, на Сојузот на борците и на МАНУ, делегации на Град Скопје и на скопските општини Центар, Гази Баба и Аеродром, претставници на ДПМ и на политичките партии, како и делегации на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“. Цвеќе беше положено и на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.