Детроит (06.05.2007)
На 28 април во просториите на храмот на свети Георгиј Кратовски во Детроит, Неговото Високопреосвештенство митрополит Американско-канадски г. Методиј оствари средба со новоназначениот амбасадор на Р. Македонија во Вашингтон, Неговата Екселенција г-дин Зоран Јолевски.
На таа средба беше договорена понатамошната соработка помеѓу амбасадата на Република Македонија и Американско-канадската Македонска Православна Епархија.
известува: ѓакон Стеван Барјактаров