Средба со Поглаварот на Руската Задгранична Црква (07.05.2007)
На 4 мај оваа година, митрополитот Американско-канадски г. Методиј во Џорданвил (Jordanville), Њујорк, во манастирот на Света Троица се сретна со поглаварот на Руската Задгранична Црква – митрополитот г. Лавр. Притоа, откако беше запознаен со историјатот на манастирот, едно од најзначајните духовни светилишта на Руската Задгранична Црква, митрополитот г. Методиј посети и неколку објекти во манстирскиот комплекс: манастирската црква, музејот, богословијата, печатницата, иконографското ателје и др.
известува: протоереј-ставрофор Бранко Постоловски