МПЦ испрати писмо до Српскиот патријарх (13.05.2007)
Македонската Православна Црква вчера по електронска пошта испрати протоколарното писмо до Српскиот патријарх, чија содржина ја дефинирале на седницата во петокот. Информациите на „Сител“ зборуваат дека писмото одговор нема детали кога и каде би се одржале разговорите. МПЦ остава Саборот во Белград да заврши, а дури потоа да се дефинираат термините.
известува: Телевизија Сител, Марјан Николовски