Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Православниот богословски факултет во посета на манастирот на св. Јоаким Осоговски (16.05.2007)

Во овој прекрасен сончев ден, посветен на св. Атанасиј Велики, 15. 05. 2007 година, манастирот на св. Јоаким Осоговски го посетија Деканот на Православниот богословски факултет Св. Климент Охридски” – Скопје, професор д-р Ратомир Гроздановски, заедно со други професори и вработени, студенти од четврта година, како и претставници на Римокатоличката Црква и Евангелско-методистичката заедница. Претходно биле во лаврата на св. Ѓорѓи во с. Дељадровци, а со цел запознавање со овие две македонски светилишта  и меѓусебно дружење.