Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велгошти, охридско (21.05.2007)

Седмата недела после светлото Христово Воскресение во Дебарско-кичевската епархија беше прославена со Света Архиерејска Литургија во новоосветената манастирска црква посветена на свети Никола во село Велгошти - охридско.

Осветувањето на црквата го изврши Владиката г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Кипријанов и Игор Никовски, како и ѓаконот Димче Азески. Оваа црква е градена во текот на повеќе години и се наоѓа на височините од планината Петрино, над познатиот велгошки манастир на света Петка.

По завршувањето на осветувањето Владиката веднаш ја започна и Ссветата Литургија, на која пееше и реномираниот охридски хор „Св. Климент Охридски“.

На оваа свеченост беа присутни голем број верници од Велгошти и Охрид, како и од околните места.

 

 

          

 

 

 

        

 

 

 

         

 

известува: свештеник Игор Никовски