Прием во Обединетите Нации (25.05.2007)
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско – канадски г. Методиj присуствуваше на свечен прием во Обединетите Нации по повод изборот на македонскиот дипломат Срѓан Керим за 62. претседавач со Генералното Собрание на Обединетите Нации. На приемот, Неговото Високопреосвештенство имаше средби и разговори со министерот за надворешни работи на Р. Македонија г. Антонио Милошoски, амбасадорот на Р. Македонија во Вашингтон г. Зоран Јолевски и голем број на македонски бизнисмени, луѓе од културата и лобисти за Р. Македонија. Митрополитот г. Методиj имаше средба и со г. Метју Нимиц при што го запозна и информира за присуството и активностите на Македонската Православна Црква на Северно-американскиот континент. известува: ѓакон Стеван Барјактаров