Духовден во Штип (28.05.2007)
На 27. 05. 2007 година, на празнкот Педесетница – роденденот на Светата Црква (Духовден), Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Литургија во соборниот храм на Свети Николај во Штип, на која богословот Лазар Коцев од Кочани беше произведен во ипоѓаконски и ракоположен во ѓаконки чин. Литургијата со своето учество ја збогати и хорот при Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. По Литургијата беше отслужена Вечерна богослужба, по што Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му заблагодари на Бога што, покрај духовната слобода за служење на нашиот мајчин македонски јазик, што ја имаме со автокефалноста, се возобновува и нашето македонско црковно пеење во нашите храмови, кое навистина е милозвучно и прекрасно. Исто така им заблагодари и на богословите, по што беше приготвен ручек за гостите, и им беа подарени кошули од МК Метро од Штип, во знак на првото гостување, односно презентација на македонското црковно пеење во Брегалничката епархија, во соборниот храм на Свети Николај – Штип.