Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на Свети Методиј во Германија (08.06.2007)

Во саботата на 26 мај 2007 година, по повод Светометодиевите денови се празнуваше и чествуваше во Елванген, јужна Германија, градот во кој Св. Методиј бил две ипол години во затвор.

 

Со Mолебенот во чест на Св. Методиј чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен со парохиското свештенство.

 

На молебниот присуствуваа градоначалникот на општина Елванген, потоа амбасадорот на Република Македонија во Германија, д-р Ѓорѓи Филипов, директорот на комисијата за иселеништво Васил Наумов и преставници на повеќе црковни општини од Германија. 

 

Во продолжение, на Методоевиот плац, се одржаа поздравни говори од градоначалникот на Елванген, амбасадорите на Македонија, Бугарија, како и од претставници на Чешка и Словачка, каде што се положија венци свежо цвеќе на спомен-плочите на Св. Методиј. 

 

Чествувањето продолжи со пригодна забава во организација на општината домаќи, „Св. Кирил и Методиј“, Штудгарт.  

 

Во Македонскиот православен црковен центар за јужна Германија, на 27 мај оваа година, беше отслужена Света Литургија по повод нашиот патронен празник.

 

 

              

 

 

 

 

Со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со нашиот парохиски свештеник отец Миле Велјановски.

 

После богослужбата беше промовирана и ликовната изложба на нашите најмлади ученици од Македонското православно верско училиште во Германија, во Минхен, кое го води парохискиот свештеник, отец Миле Велјановски во соработка со црковниот одбор.

 

Потоа се одржа свечена прослава во црковната сала со нашиот познат музичар Зоран Адамовски.

 

 

 

 

известува: Саше Баловски

Минхен, Германија