ГПЦ го прифати барањето на МПЦ за средба (08.06.2007)
Грчката Православна Црква позитивно одговорила на барањето на МПЦ за средба со владиците од Атина, дознава „Сител“. Македонската црковна делегација ќе ја прими грчкиот Митрополит Хризостом, но сѐ уште не е договрен терминот кога тоа ќе се случи. Синодот на Грчката Црква на последната седница го разгледал писменото барање од македонските архиереи и одлучил дека е добро да се организира меѓуцрковна средба. Сител дознава дека Грчкиот Синод веќе и писмено ја известил МПЦ за позитивната одлука.