Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен нов ревир во рудникот „Саса”, М. Каменица (13.06.2007)

Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана од руските сопственици на рудникот „Саса” за олово и цинк во Македонска Каменица, присуствуваше на годишнината од рестартирањето и го освети новиот ревир за екслоатација на руда наречен „Голема река”. По оветувањето Митрополитот им ја честита годишнината од рестартирањето, односно, воскресението на рудникот и посака што повеќе да има вработувања во истиот рудник така што на луѓето од М. Каменица ќе им се врати мирот на ведрото лице и ќе живеат во благосостојба, бидејќи М. Каменица е рударски град.

 

              

 

Руските газди во своите говори Му се заблагодарија на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и на Македонската Православна Црква и нејзините свештеници за молитвите кои ги принесуваат кон Бога за заштита на рударите. Исто така, и гостите од повеќе рудници во Европа му се заблагодарија на Неговото Високопреосвештенство за присуството и прекрасните зборови кон рударите и грижата кон луѓето во М. Каменица.

 

 

              

 

                                                                                                                                       известува: ѓакон Саше Ристов