Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (17.06.2007)

Денес, на денот на свети Митрофан патријарх Цариградски, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

       

 

 

 

      

 

 

 

       

 

 

„Како што светот беше создаден од благото Слово Божјо, со благослов – во најдлабокото, онтолошко значење на овој израз – така и се спасува и се возобновува со благодарењето и со благословувањето кои ни се дарувани во Христовиот храм. Преку нив ние го познаваме и го прифаќаме светот како икона, како заедница, како осветување. Преку нив ние го претвораме светот во она за што тој и беше создаден и ни е даден од Бога: ‘Откако благодари, благослови, освети...’ Секогаш кога ги изговараме овие зборови на молитвата на благодарењето го исполнуваме сеќавањето на Христа, Кој ‘го зеде лебот...’ – и во таа смисла материјата, светот, созданието – ‘во Своите свети и пречисти и непорочни раце’, повторно сме сведоци на новото создавање, на неговото обновување како ‘рај на храната на бесмртноста’ во кој сѐ создадено од Бога е повикано да стане наше учество во Божествената љубов, во Божествениот живот.“ (протопрезвитер Александар Шмеман)