Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица (17.06.2007)

        

 

 

Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, во манастирската црква се одвива редовен литургиски живот. Реновираните манастирски конаци се отворени за поклоници кои овде би сакале да преноќеваат, при што ноќевањето со појадок и вечера чини 10 евра, додека полниот пансион чини 12 евра. Еднокреветните и повеќекреветни соби можат да сместат до 50 луѓе.