Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Крива Паланка (18.06.2007)

На 15. 06. 2007 г., поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенослужители од Романската Православна Црква, го посети древното илјадагодишно светилиште - манастирот на свети Јоаким Осоговски.

Откако се помолија за здравје и душевно спасение пред моштите на Чудотворецот, тие заедно го разгледаа целосно обновениот владички конак, како и започнатите градежни работи во манастирскиот комплекс, како што се изградбата на крстилница, котларата за топловодно греење, како и обновувањето на третиот кат од камбанаријата.

 

 

известува: о. Александар