Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил одликуван со орденот Свети Климент Охридски од прв ред (22.06.2007)

На 21. 06. 2007 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје се одржа седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ, изјави дека на заседанието беше донесена одлука Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил оваа година да добие највисоко црковно признание, орденот на Свети Климент Охридски од прв ред. Овој орден за првпат беше воведен пред пет години при осветувањето на црквата на Плаошник во Охрид.

На синодската седница, македонските владици го составија и списокот на годинешните добитници на највисокото црковно одликување - Светиклиментовиот орден, кое по повод 40 години од автокефалноста на МПЦ ќе го добијат десетмина јавни личности, академици и бизнисмени.
М
акедонската Православна Црква за 40-годишнината од автокефалноста подготвува и неколку капитални црковни изданија кои ќе бидат промовирани.

 

 

известува: Калина Трпеска