14 колонија на копаничари (26.06.2007)
Во манастирот на св. Јоаким Осоговски, на 22.06.2007 год. започна 14 по ред колонија на копаничари, организирана од Здружението на копаничари на Македонија, која ќе работи до 30.06.2007 год. Активно работат 15 резбари на дрво, на слободни мотиви, во различни техники. Колонијата има за цел да едуцира копаничарски кадри на традиционален начин, со пренесување знаења и техники од еден копаничар на друг. Затоа секогаш на колонијата работат поискусни резбари, кои го пренесуваат своето знаење и умеење на оние коишто стекнуваат искуство и сакаат да научат. Во Стариот Конак отворена е и постојана изложба на завршени дела.
известува: отец Александар