Сеноќно бдение во манастирот Бигорски (07.07.2007)
Во чест на празникот на Раѓањето на светиот Претеча и Крстител Јован во манастирот Бигорски во присуство на многуброен верен народ од цела Македонија сеноќно празнично бдение отслужи Митрополитот Брегалнички г. Иларион со повеќе свештенослужители. На бдението присуствуваше и Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј. После празничната Вечерна беше отслужен Акатист кон свети Јован Крстител, а на крајот од Утрената служба присутниот народ се поклони на моштите на повеќе Светители. Бдението заврши со Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј и повеќе свештенослужители. По Божествената Литургија беше поставена трпеза на љубовта за сите присутни верни.
известува: јеромонах Доситеј