Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Средба на Архиепископот г.г. Стефан со лидерот на ДПА, г. Мендух Тачи (17.07.2007)

Денес, во својот кабинет во Македонската Архиепископоија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Митрополитот Струмички г. Наум ги прими лидерот на ДПА, г. Мендух Тачи и министерот за здравство, г. Имер Селмани. Господинот Мендух Тачи ѝ искажа поддршка на МПЦ на нејзиниот пат до целосно признавање на нејзината автокефалност.
Таа поддршка е јасна и недвосмислена. Ние се понудивме доколку има потреба да ѝ помогнеме на МПЦ. Опасно е што некои политички групации не разбираат дека оваа игра со Македонската Православна Црква е многу поопасна од една верска игра. До тоа се надевам дека нема да дојде и Македонија брзо ќе стана членка на НАТО и Европската Унија, а МПЦ брзо ќе го добие своето признавање, изјави Тачи по средбата со Поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.

Владата и официјално ја доби поддршката од двете најголеми верски институции за најновата верзија од Законот за верски заедници. Според новиот закон црква, верска заедница и религиозна група може да биде регистрирана, доколку тоа претходно не е направено за таква верска заедница или религиозна група. Во член 10 стои дека името и официјалното обележје на секоја нова верска заедница треба да се разликува од оние на веќе постоечките. Експлицитната поддршка за МПЦ и ИВЗ следува во член 35, сите цркви, верски заедници и религиозни групи, регистрирани заклучно со 1998-та, можат да го задржат постојниот правен субјективитет и за нив нема да има нова регистрација.