Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизградениот конак во манастирот на Пресвета Богородица, с. Манастирец (Македонски Брод) (25.07.2007)

На 22. 07 2007 година, кога Православната Црква го празнува споменот на светиот свештеномаченик Панкратиј и светиот Теодор епископ Едески, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум и повеќе свештенослужители, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот на Пресвета Богородица во село Манастирец - Македонски Брод. На Светата Литургија пееше реномираниот охридски црковен хор Свети Климент Охридски.

 

 

            

 

 

 

           

 

После отслужената Света Литургија, Неговото Блаженство, Архиепископот Стефан, изврши осветување на новоизградениот манастирски конак, на кое присуствуваше и епископот Климент. Конакот е изграден со несебичното залагање и себепредавање на монахот Бенедикт, којшто живее во овој манастир, и со прилозите на верниот народ. После чинот на осветувањето, Архиепископот одржа пригодно слово, посакувајќи му на монахот Бенедикт крепко здравје и духовна сила, за и понатаму да гради и создава на радост на Бога и нашата Македонска Православна Црква.

После духовната храна и осветувањето на новоизградениот конак, свештенослужителите, заедно со многубројниот присутен народ, учествуваа на трпезата на љубовта, подготвена од настојателот на манастирот.

 

                        известува: ѓакон Димче Азески - Охрид