Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Делегација на МПЦ ќе присуствува на погребот на Романскиот патријарх (02.08.2007)

На погребот на Поглаварот на Романската Православна Црква, Неговата Светост, Патријархот Теокстист, ќе присуствува делегација на Македонската православна црква, предводена од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар.

Погребот ќе се изврши на 3 август 2007 година во Патријаршиската катедрална црква во Букурешт.

 

         ОД КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ