Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Илинден во Крушево (02.08.2007)

104-та годишнина од Илинденското востание беше прославена во Крушево. Во црквата на свети Никола во Крушево епископот Хераклејски г. Климент отслужи панихида за паднатите борци од 1903-та. Илјадници Македонци од целата држава и од сите страни на светот им одадоа почит на борците од Крушевската Република. На чествувањето во Крушево присуствуваа делегации на Владата, на Собранието, на Кабинетот на претседателот на РМ, на Македонската Православна Црква, на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, на Советот на Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“, на политички партии, на дипломатскиот кор, на градоначалници на општините и претставници на здруженија. Почит на македонските борци од Илинден им оддаде и амбасадорката на САД, Џилијен Миловановиќ.