Vesti i nastani
 
 
 
 
 

28 август, Успение на Пресвета Богородица, неработен ден за православните верници (23.08.2007)

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 28 август (вторник), кога е православниот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед.

Овој празник годинава првпат се одбележува и со неработен ден, согласно новиот Закон за празници.

 

извор: МИА