Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Честитка од премиерот Никола Груевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица (26.08.2007)

Премиерот Никола Груевски, по повод 28 aвгуст, големиот христијански празник на Успението на Пресвета Богородица, упати писмо до поглаварот на МПЦ и Архиепископот Охридски и Македонски Негово Блаженство, г.г. Стефан.

- Во нашата православна христијанска вера Пресвета Богородица како Мајка го зазема највисокото место во човечкиот род. Токму затоа, имајќи ја предвид симболиката на овој празник, им порачувам на сите верници да се залагаат за љубов и почит кон своите родители и своите деца, како една од главните одлики на Православието и традиционалните вредности на македонското општество. Посакувам сите православни христијани во спокој и хармонија да го дочекаат и празнуваат овој голем празник, кој првпат се празнува како неработен ден за православните христијани во Република Македонија. Нека ни е честит и за многу години празникот! - се вели во писмото.

Извор: весник „Дневник“