Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Европски г. Пимен во посета на Риека, Хрватска (29.09.2007)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, по повод отворањето на МПЦО  Светите цар Константин и царица Елена во Риека, ја искористи посетата и за протоколарни средби со ректорот на Католичкиот теолошски факултет г. Никола Уравиќ. Исто така тој оствари средба и со градоначалникот на градот Риека г. Војко Оберснел со соработниците. Во текот на вечерните часови оствари средба и со жупникот фра Станко Додиг кој е воедно и водител на Комисијата за екуменизам и дијалог при Риечката надбискупија. Во придружба на Митрополитот Европски г. Пимен, на средбите присуствуваа: секретарот на МПЕ за Европа протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, парохискиот свештеник за Хрватска протоереј Кирко Велински, претседателот на Иницијативниот одбор за формирање на МПЦО во Риека г. Илија Христодулов, претседателот на Советот на македонското национално малцинство во Риека г. Михаило Давчевски, новоименуваната претседателка на МКД Илинден“ госпоѓица Ивона Дуноски и постојаниот дописник за Македонски глас во Република Хрватска господин Владо Настески.

 

 

        

 

Известува: о. Блажо Кожарски