Рускиот патријарх Алексиј Втори повика на дијалог меѓу СПЦ и МПЦ (03.10.2007)
Поглаварот на Руската Православна Црква Алексиј Втори во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги повика на дијалог Српската и Македонската Црква.
„Мислам дека помеѓу Српската и Македонската Црква мора да постои дијалог. Убедени сме дека по пат на дијалог многу проблеми и поделби можат да се решат“, рече Алексиј Втори.
Тој повтори дека Руската Православна Црква повеќе пати повикувала на дијалог.
Извор: Телевизија А1, Утрински весник