Малме, Шведска (14.10.2007)
Денеска, недела 14.10.2007 година, кога Светета Црква го празнува Покровот на Пресвета Богородица и свети Јован Кукузел, Митрополитот европски г. Пимен во сослужение со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на свети Наум Охридски во Малме, Шведска.
По Божествената Литургија во присуство на голем број на вериници, во новиот храм (кој е сѐуште во градба) изврши Водосвет, во чест на јубилејот четири години од поставувањето на кемен-темелникот на новата црква во Малме.
Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски