Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црква на свети Георгиј Победоносец (11.10.2007)

На 11 октомври 2007 година, Владиката дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот струмички г. Наум и Митрополитот брегалнички г. Иларион, ја осветија црквата посветена на светиот великомаченик Георгиј во с. Кнежино - кичевско.

Претходниот ден, вечерта, Владиката г. Тимотеј на искушеничката Дана, на Вечерната богослужба ѝ благослови да носи мантија, давајќи и го името Доротеја.

 

 

                

 

 

 



Следниот ден по извршувањето на осветувањето и отслужувањето на Светата Литургија, Владиците и свештенослужителите го осветија и манастирскиот конак.

Манастирскиот конак и манастирската црква во с. Кнежино благодарение на напорите на свештенството на Кичевското архиерејско намесништво со намесникот протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски и старешината на манастирот протоереј Војне Ристески.
Манастирската црква започна да се гради во 1999 година, а завршните работи, во поглед на манастиркиот конак и црква, денес ги завршува протоерејот Зоран Данев од Скопје.

Владиката г. Тимотеј ги пофали и им заблагодари на учесниците и дарителите кои учествуваа во возобновувањето на овој манастир, а на протоерејот Зоран Данев му врачи благодарница.

 

 

 

 

 

            

 

                                           

 

                             

 

     

 

            

 

известува: отец Игор Никовски