Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (07.11.2007)

Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 06 ноември 2007 г., покрај другото, посвети сериозно внимание на последниот обид на грчката политика да издејствува промена на уставното име на Република Македонија.

Едногласно, како архиереи на Македонската Православна Црква, и во името на верниот народ, свештенството и монаштвото, даваме безрезервна поддршка на државниот врв, власта и опозицијата, да истраат во определбата да не се отстапи од уставното име на нашата држава - Република Македонија.

Истовремено, пред црковната и целата јавност, порачуваме и ние, како Македонска Православна Црква, дека нема да отстапиме и од нашето црковно име -  Македонска Православна Црква.

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, исто така, искажува голема благодарност до Претседателот на Владата на РМ, г. Никола Груевски, за иницирањето на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржа во Охрид., од 26-28 октомври 2007 г.

Синодот разгледуваше повеќе теми од тековниот живот на Црквата, а особено внимание посвети на кадровското прашање во просветните институции, како и за потребата од вероучители кои ќе бидат ангажирани во редовниот образовен систем во Република Македонија.  

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ