Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (27.11.2007)
Денес,
на денот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, во
црквата посветена на овој Светител во Струмица, Архиепископот Охридски
и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит струмички г.
Наум и Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена
Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв
Христови. „Ако
на телото му дојде духовната радост од умот, таа не бива намалена поради оваа
врска со телото, туку го преобразува телото и го прави духовно. Тогаш тоа ги
отфрла сите лоши страсни телесни желби и повеќе не ја влече душата надолу, туку
заедно со неа се издигнува. Така целиот човек станува дух, како што е напишано:
Оној што е роден од Духот, дух е.
(Свети Григориј Палама)