Фотографски материјал од посетата на Митрополитот eвропски Пимен на Лондон (30.11.2007)
Осветување на новиот дом на парохискиот свештеник о. Виктор Стојчев
Посета на Музејот на Британија
За време на неговиот престој во Велика Британија, европскиот Митрополит г. Пимен беше гостин и на гала концертот организиран од страна на Институтот за Православни науки во Кембриџ кој се одржа на 17 ноември 2007 година во познатата Ламбет Палата, резиденција на Кантерберискиот Архиепископ. На концертот настапија реномираниот византиски хор од грчката катедрална црква Св. Софија; етно-групата „Ихос“ (која воодушеви со изведбата на мелодијата „Ој девојче“ на три јазици турски, арапски и грчки), а извадоци од светоотечки текстови како и поезија од британски автори прочитаа Митрополитот Калист (Вер), Архимандритот Ефрем (Лаш) и претседателот на Православниот Институт, Дејвид Фрост. Меѓу гостите беше и Митрополитот Василиј (Осборн). Концертот имаше за цел да собере средства за помош и поддршка на Православниот Институт, кој инаку е еден од најпрестижните православни образовни центри во Западна Европа.
известува: Марија Стефановска