Денот на Свети Климент за прв пат државен празник (06.12.2007)
Денот на Свети Климент Охридски - 8 декември, за прв пат во Македонија е прогласен за државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален македонски писател и просветител, првиот македонски Епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со свети Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело.
Прогласувањето неработен ден е согласно Законот за празници на Република Македонија.
Извор: Вечер