40-годишнина од основањето на Македонската Православна Богословија (06.12.2007)
На 06.12.2007 година, на денот кога Македонската Православна Богословија прославува 40-годишнина од нејзиното основање, во црквата Свети Спас во Драчево, Вечерна богослужба отслужи Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. На богослужбата присуствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, ректорот на Богословијата Митрополитот повардарски г. Агатангел, Митрополитот брегалнички г. Иларион и Митрополитот Горазд. После богослужбата во просториите на Богословијата се одржа свечена духовна академија, посветена на великиот јубилеј и патронот на Македонската Православна Црква, светиот Климент Охридски, на која покрај споменатите Епископи, присуствуваше и Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил. Свеченостите ги збогати убавото пеење на хорот на Македонската Православна Богословија.
Нека се честити празниците и за многу години!
Известува: Калина Трпеска
P.S. Македонската Православна Богословија веќе 8 години успешно работи под духовно и административно раководство на нејзиниот ректор Митрополитот повардарски г. Агатангел.
На многаја лета Владико, и нека Ви се множат успесите!
(од редакцијата на сајтот на МПЦ)