Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечена академија (09.12.2007)

По повод државниот празник посветен на свети Климент Охридски, вчера во Домот на АРМ се одржа свечена академија на која поздравно слово имаше вицепремиерот Зоран Ставрески, а пригодна беседа одржа Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

 

Светиот Архијерејски Синод по повод 40-годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква, донесе одлука на 18 лица да им бидат врачени одликувањата – орден Свети Климент од Прв ред и орден Свети Климент од Втор ред. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан им ги врачи наградите на Македонската Православна Богословија, на Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил, како на единствен жив потписник на одлуката за автокефалност на МПЦ, потоа на академиците Цветан Грозданов и Петар Илиевски и на бизнисменот Глигорие Гоговски, а орден  Свети Климент од Втор ред на Митрополитот дебарско-кичевски и плаошки г. Тимотеј и на други видни личности од науката, културата и бизнисот.

Од името на наградените се заблагодари академикот Петар Х. Илиевски, а во пригодната програма учествуваа хорот „Свети Климент Охридски“, хорот „Јован Хармосин“ и маестро Симон Трпчевски.

 

      

 

     

 

      

 

     

 

     

 

 

Фото: Марјан Николовски, Калина Трпеска